Невидена глупост: Фудбалер на Ц. Звезда доби два жолти картони за 30 секунди!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Црвена Звезда славеше со 5-0 против Пјуник, но Милан Родиќ нема да го памети натпреварот по добро затоа што доби црвен картон во 88. минута.

Левиот бек на „црвено-белите“ успеа да направи глупост за само 30 секунди, па заработи два жолти картони за пола минута и ќе го пропушти реваншот против Пјуник во третото квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Родиќ ќе може да се врати во плејофот на ЛШ ако се пласира Ц. Звезда во следното коло, а тоа е многу веројатно поради резултатот во првата средба.