Невидено: Дурант го избркаа сред натпревар! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на Бруклин нетс, Кевин Дурант беше повлечен сред натпревар поради протоколот во врска со борбата против вирусот.

Во мечот кој Торонто го доби против Бруклин (123-117), Дурант прво беше на теренот, а потоа го избркаа затоа што имал контакт со позитивна личност на вирусот.

Тоа го активираше протоколот според кој во третата четвртина Дурант мораше да замине, а Бруклин не успеа да го држи ритамот против Торонто.

Најдобар кај Бруклин беше Херис со 19 поени, додека Џејмс Харден постигна 17 поени, а Џеф Грин и Кајри Ирвинг по 15.

Ова му беше прв меч на Дурант против Торонто уште од финалето во НБА во 2019 година, кога играше за Голден Стејт вориорс и ја повреди Ахиловата пета.