Ни Канте не е тоа што беше: На мечот против Вулвс направи нешто поради што му се смее цел свет! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси вчера загуби со 1-2 против Вулверхемптон, и тоа во судиското надополнување, а тоа беше нивни втор пораз по ред во Премиерлигата.

Лондонскиот гигант имаше водство од 1-0, но како минуваше времето, така тие играа полошо и во 95. минута примија гол за конечни 1-2.

Покрај головите, најинтересна сцена беше таа на 15 минути пред крајот на мечот, а во главна улога беше Н’голо Канте, кој без причина си ја зема топката со раце сред теренот.

Мејсон Маунт изведе аут кон Канте, а Французинот не знаеше што се случува, па ја фати топката во раце, по што судијата веднаш реагираше и досуди слободен удар за Вулвс.

Канте по овој потег стана жртва на социјалните мрежи, каде што му се смее цел свет поради неговиот потег.