Никако да им тргне: Далас повторно загуби со Ирвинг и Дончиќ во тандем (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Далас маверикс веќе втор меч по ред е поразен кога заедно играт Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ, а синоќа од нив беше подобра Минесота тимбервулвс со 124-121.

Ирвинг постигна 36 поени за екипата од Тексас, додека Дончиќ додаде 33, но тие не беа доволни за славје на Далас. На спортивната страна најефикасен беше Ентони Едвардс кој запиша 32 поени.

Никола Јокиќ беше одличен во победата на Денвер нагетс против Мајами хит (112-108), откако постигна 27 поени, 12 скокови и осум асистенции.

Резултати:

Шарлот – Атланта 144-138

Кливленд – Сан Антонио 117-109

Индијана – Јута 117-123

Филаделфија – Хјустон 123-104

Њујорк – Бруклин 124-106

Чикаго – Орландо 91-100

Оклахома – Њу Орлеанс 100-103

Голден Стејт – Вашингтон 135-126

ЛА Лејкерс – Портланд 127-115