Никогаш не сум загубил од Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Исланд, Ларс Лангербек, изјави дека неговата репрезентација направила фантастичен успех и дека е задоволен што во осминафиналето ќе игра против Англија.

“Ова е апсолутно фантастично, посебно сум среќен поради играчите и стручниот штав. Начинот на кој работеа овие години беше фантастичен, нивниот однос, работа, учинок…”- изјави Лагербек после натпреварот.

Исланд со 2:1 ја совлада Австрија и така дојде до второто место во Групата Ф на Европското првенство. Противник во осминафиналето ќе им биде репрезентацијата на Англија.

“Секој нареден ривал е тежок, но прилично е добро што ќе играме против Англија. Додека ја водев репрезентацијата на Чешка, никогаш не изгубив од нив, а игравме пет-шест пати. Се надевам дека таа серија ќе продолжи”- изјави Лагербек.