Никој не е како Ѓоковиќ: Србинот направи нешто што не му успеало на никој досега!


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера го освои завршниот турнир во Торино, откако во финалето славеше против Каспер Руд со 2-0 во сетови и така се закити со шестата титула на турнирот.

Ѓоковиќ во Торино стигна како осми тенисер, а исто така стана прв играч кој успеал да освои трофеи на завршните турнири во три различни децении.

Првата титула ја освои во далечната 2008 година, по што се закити со титули во 2012, 2013, 2014, 2015 и 2022 година.