Никој нема да не памети!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италија беше елиминирана од Германија во 1/4 финалето од Европското првенство во Франција, а дефанзивецот на Јувентус разочарано изјави дека никој нема да се сеќава на оваа генерација за неколку години.

Андреа Брзаљи смета дека е голема штета што оваа генерација предводена од Антонио Конте не остави поголема трага во италијанската историја.

“Дадовме се од себе! За жал единствено што ќе се памети е овој пораз на пенали, се останато ќе биде брзо заборавено. Никој нема да се сеќава на добрите работи кои ги имаше многу. Сакавме да одиме до крајот, не успеавме”- изјави Брзаљи.

Иначе ова беше прв пат во историјата Германија да ја елиминира Италија на едно големо натпреварување.