Ништо нема да биде исто во Ф1: Ограничен буџет и поголема конкурентност!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) прифати пакет на намалување на трошоците во Формула 1. Така буџетот за екипитево 2021 година ќе биде ограничен на 132 миилиони евра, наместо на 160 милиони.

Исто така, договорено е буџетите од година во година да се намалуваат. Горната граница за следната година ќе биде 132 милиони евра, една година подоцна буџетот ќе се намали на 127,5 милиони евра, а од 2023 до 2025 година ограничувањето ќе биде 123 милиони евра.

ФИА со таа одлука сакаше да ги намали трошоците, но да ја зголеми конкурентноста и шампионатот на Ф1 да го направи поинтересен.

„Ф1 денеска победи. Ова е пресуден и важен момент за автомото спортот. Ф1 веќе некое време беше финансиски неодржлива“, кажа извршниот директор на Мекларен, Зек Браун.