Ништо од Саул: Мендеш ѝ договара друго засилување на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона се обидува да го засили својот ред за врска, а сега во прв план излезе ново име. Преговорите со Атлетико Мадрид за Саул Нигез се во прекин затоа што Каталонците бараат дополнителни пари за Антоан Гризман.

Шпански „АС“ објави дека менаџерот Жорж Мендеш не седи мирен и веќе почнал да бара ново засилување за Барселона, а изборот паднал на Ренато Санчез.

Мендеш му е менаџер на Санчез и сака да ѝ помогне на Барселона, но и на својот клиент, а притоа да заработи и некој милион за провизија.

Роналд Куман се согласил за купување на Санчез затоа што таков фудбалер му одговара во неговиот стил на игра, па Португалецот сега е еден до главните желби на каталонскиот гигант, кој го чека бурно лето затоа што мора и да се ослободи од многу фудбалери.