Ноер стана рекордер на СП, но сè е залудно зашто Германија си оди дома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мануел Ноер вчер апостави рекорд на Светското првенство (СП), но тоа му е мала утеха затоа што неговата репрезентација веќе испадна во групното натпреварување, и тоа вторпат по ред.

Германија во третото коло од Мундијалот славеше со 4-2 против Костарика, но тоа не беше доволно за пласман во осминафинале бидејќи Јапонија ја реши Шпанија со 2-1.

Ноер успеа со 19 настапи да стане прв голман во историјата по број на настапи на Мундијалите, а тоа го потврди неговиот тим Баерн Минхен.

Ова е вторпат Германија да испаѓа во групна фаза на Мундијалите, откако во Русија беа последни во групата со Шведска, Мексико и Јужна Кореја.