Ноќ на рекорди: Неверојатниот Дончиќ го надмина Џордан (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ потврди дека се наоѓа во неверојатна форма, а на дуелот меѓу Далас и Јута (103-100) направи нешто што не се случило во последните 60 години во НБА-лигата.

Дончиќ беше лидер на Далас до нова победа во шампионатот со 33 поени, 11 асистенции и пет скокови, а интересно е тоа што на сите седум дуели во сезоната Словенецот постигна над 30 поени.

Вакво нешто претходно му успеа на Вит Чемберлен во далечната 1962 година, па така го надмина и легендарниот Мајкл Џордан, но за да постави апсолутен рекорд на Дончиќ ќе му треба чудо.

Чемберлен во 1962 година прв стигна до седум меча со над 30 поени по ред на почетокот на сезоната, но неговата серија продолжи до 23 натпревари.