Нокаут каков што не се памети на пет секунди пред крај на борбата 🎥

Борбата меѓу Игнацио Бахамондес и Розвелт Робертс во Лас Вегас беше возбудлива. Од самиот почеток Бахамондес покажуваше дека е подобро подготвен за мечот.

Беше јасно дека ќе ја добие победата, но додека публиката го чекаше крајот, на само пет секунди пред крајот борбата беше готова затоа што Бахамондес со страшен нокаут го суреди ривалот.

Ова сигурно ќе биде кандидат за нокаут на сезоната, а засега е познато дека тоа беше најдобриот нокаут на УФЦ настанот во Вегас.