Нов инцидент на меч на Минесота: Девојка втрча на терен, но не се прослави (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот меѓу Минесота Тимбервулвс и Мемфис Гризлис го одбележа една необична сцена, кога девојка втрча на паркетот, но обезбедувањето реагираше брзо и ја фати жената.

Подоцна беше откриено дека станува збор за активистка на здружението за заштита на животните, а имала за цел да привлече внимание на газдата на Тимбервулвс, Глен Тејлор, кој има фарма.

На четвртиот меч од плејоф-серијата меѓу Минесота и Мемфис обезбедувањето повторно имаше работа, а ќе треба да биде внимателно и на останатите натпревари.