Нов пресврт на Ѓоковиќ во Белград: Кецмановиќ го мачеше сет ипол, па првиот рекет конечно се разбуди!

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ продолжи да чекори кон титулата на „Србија Опен“, откако во четвртфиналето беше подобар од сонародникот Миомир Кецмановиќ со 2-1 во сетови, односно 4-6, 6-3 и 6-4.

Ѓоковиќ се спаси во второто коло против Ласло Ѓере и по два тај-брејка го елиминираше помладиот колега, но не беше идеално ниту против Кецмановиќ.

Србинот е далеку од препознатливата форма, но полека влегува во ритам пред неговата главна мисија, а тоа е освојување на Ролан Гарос, каде што треба да настапи и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против подобриот од мечот меѓу Качанов и Монтеиро.