Нов рекорд за Ѓоковиќ на два дена пред мечот против Алкараз


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ го продолжи своето владеење со врвот на АТП-листата на вкупно 405. недели.

Србинот така дополнително го поправи својот рекорд кој уште долго ќе му припаѓа, а ова е одлична вест пред натпреварот кој го чека со Карлос Алкараз за два дена.

Ѓоковиќ во моментов е прв со 11.245 бодови, Алкараз има 8.855, додека Данил Медведев е трет со 7.600 бода.

Да потсетиме, Ѓоковиќ в среда ќе игра меч во Ријад против Алкараз.