Нов скандал на Австралијан опен кој му оди во корист на Ѓоковиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралијан опен предизвика премногу контроверзи на почетокот на годината, затоа што имаше многу скандали со влезот во државата, па ригорозните мерки, проблемите со визата и депортацијата на Новак Ѓоковиќ.

Меѓутоа, скандалот со Ѓоковиќ не е сигурно последниот на првиот гренслем-турнир во сезоната, посебно по шокантното признание на Андреј Рубљев.

Рубљев призна дека во Мелбурн пристигнал позитивен на ковид-19, но и покрај тоа добил дозвола да влезе во државата.

„Кога стигнав во Австралија уште бев позитивен, но нивото на коронавирусот не било опасно. Ми беше дозволено да влезам во државата. Освен тоа, поминав повеќе од 10 дена во карантин“, кажа тенисерот.