Нов удар за Дешан – остана без еден од најдобрите дефанзивци!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Франција треба да ја брани титулата на Светското првенство, но селекторот Дидие Дешан се соочува со сериозни главоболки поради повредите на дел од фудбалерите.

Последен кој отпадна од списокот на Дешан е Лукас Ернандез, кој заработи повреда на мечот против Австралија.

Ернандез го почна натпреварот против Франција и Австралија, но по само 10 минути мораше да го напушти теренот, а на медицинските прегледи било потврдено дека ги скинал лигаментите и за него е завршена сезоната.

Дешан претходно остана без услугите на Карим Бензема и Кристофер Нкунку, а од претходно не можеше да смета ниту на Н’Голо Канте, Пол Погба, Преснел Кимпембе и Мањан.