Нов удар за македонскиот спорт: Филипче најави прекин на сите настани!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бројот на заболени од ковид-19 во Македонија постојано расте, а во претходните денови беа забележани рекордни бројки, поради што Министерството за здравје и Владата ќе разговараат за нови рестриктивни мерки, кои не му одат во прилог на македонскиот спорт.

Комисијата за заразни болести во понеделник ќе достави предлог до Владата да се забрани одржување на сите настани во Македонија, а меѓу нив се и спортските, па наскоро би можеле да видиме нова пауза во шампионатите.

Министерот за здравство на Македонија, Венко Филипче кажа дека мора да се применат нови мерки бидејќи се зголемува бројката на заболени во земјата.

„Разговаравме за дополнителни мерки. В понеделник ќе предложиме забрана за секакви настани во државата, со тоа ќе се намли бројката на заболени“, кажа Филипче.