Нов „земјотрес“ во Јувентус: Ањели, Недвед и дел од раководството под истрага за измама!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Раководството на италијанскиот клуб Јувентус треба да се појави на Суд поради фалсификување на финансискиот извештај кој бил доставен во јавноста.

Италијанските медиуми пишуваат дека обвинителката Ана Марија Лорето испратила барање до полицијата да го уапси претседателот на клубот, Андреа Ањели.

Обвинувањата кон клубот се дека биле остварени сомнителни приходи од 2018 до 2020 година, а притоа се води истрага против 16 лица, меѓу кои се Ањели, Павел Недвед, Маурицио Аривабене и поранешниот член на раководството, Фабио Паратичи.

Истрагата ќе се обиде да докаже дека фудбалерите на Јувентус, исто така, не ги намалиле платите за време на пандемијата, иако клубот објави дека се случило такво нешто.