Нова тепачка во НБА: Ривал на Јокиќ се грабна со противникот, четворица исклучени! 🎥

Екипата на Индијана славеше против Јута на гостувањето со 111-100 во ноќта меѓу четврток и петок, но мечот го одбележа тепачката меѓу Руди Гобер и Мајлс Тарнер.

Гобер, кој е голем ривал на Никола Јокиќ под кошот, се најде во клинч со центарот на Индијана по што почна хаосот.

И едниот и другиот беа исклучени, но не беа единствени. Џон Инглс исто така имаше контакт со судијата, како и Донован Мичел, кои беа исфрлени од натпреварот.

Тоа немаше ефект на конечниот резултат и победата на Индијана, но остави грозна слика на цел меч.