Новиот тренер на Детроит потпиша договор со неверојатна плата

Американските медиуми објавија дека Детроит Пистонс се договорил со Монти Вилијамс, кој ќе добие неверојатни услови од клубот.

Вилијамс го тренираше Феникс санс во изминатите четири сезони, а сега потпиша договор со Детроит на шест години со неверојатна плата од 78,5 милиони долари.

Тренерот има загарантирани 72 милиони долари за шест сезони, а преку бонуси може да заработи дополнителни 6,5 милиони долари.