Њукасл има пеколен план: Испрати понуда за фудбалер на Баерн и доби позитивен одговор!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Њукасл подготвува голем трансфер во јануари, а англиските медиуми откриваат дека премиерлигашот ќе добие засилвуање од Баерн Минхен.

Екипата од „Сент Џејмс парк“ го сака Никлас Суле од Баерн Минхен, а во нивни прилог оди и тоа што фудбалер сака да заигра фудбал на Островот.

Дефанзивецот има договор со Баварците до крајот на сезонава, а во моментов неговата вредност е 35 милиони евра.

Баерн во јануари ќе ја има последната шанса да заработи нешто од неговиот трансфер, додека во јуни би го загубиле дефанзивецот целосно бесплатно.

Суле е стандарден репрезентативец на Германија и досега одигра 37 натпревари, додека во Минхен пристигна во 2017 година.