Њукасл подготвува тужба, Милан се брани: Не знаевме за проблемите на Тонали


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби суспензиај од 10 месеци затоа што ги прекршил праваилата во Италија и се обложувал на натпревари.

Тонали ги прекршил правилата додека бил член на Милан од каде што летово замина во Њукасл за 60 милиони евра.

Премиерлигашот најави тужба и бара отштета од Милан затоа што смета дека калчолигашот знаел за проблемите на Тонали.

Поранешниот италијански шампион, сепак, се брани и вели дека не биле свесни за проблемите на фудбалерот. „Дознавме за Тонали од медиумите, го знаеме само тоа што го прочитавме. Ништо друго не знаевме“, соопштија од Милано.