Обвинителството ја прошири истрагата: Уште три лица осомничени за случајот на Марадона?

Продолжува истрагата за случајот на легендарниот Диего Марадона, кој почина минатата година, па сега дури петмина се осомничени за тоа што почина Аргентинецот.

Докторот Леополдо Луке и психијатарот Авустин Кошаров беа под истрага за у*иство од небрежност, а сега во истрагата се вклучени и психологот Карлос Дијаз, но и докторските техничари Дајана Мадрид и Рикардо Алмирон.

Аргентинските медиуми објавија дека обвинителството пронашло нови докази за негрижата на Марадона, која предизвикала тој да го загуби животот.

Претходно се појави и аудио снимка на Луке со еден соработник, која ја налути цела аргентинска јавност, а целосната истрага ќе покаже кој е виновен во овој случај и најверојатно сите ќе бидат соодветно казнети.