Од Клуб Бриж се обидоа да бидат интересни на социјалните мрежи, Бруно Фернандеш веднаш им возврати (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед вечерва гостува во Белгија во првиот натпревар од 1/16 финалето од Лига Еворпа кај Клуб Бриж.

„Ѓаволите“ како што најави Солскјер, сериозно ќе тргнат во новиот предизвик и речиси со сите сили ќе настапат на натпреварот во Бриж.

На официјалната страна на Инстаграм, од Европа Лигата прашаа дали Бруно Фернандеш ќе го постигне својот прв гол во дресот на Манчестер Јунајтед, на што веднаш следеше одговор од официјалниот профил на Клуб Бриж.

„Не, жалам..“ …, но работата не застана тука затоа што кратко потоа свој коментар даде и Бруно Фернандеш ој напиша, „Клуб Бриж, се гледаме подоцна“