Од Лапјциг веднаш ги демантираа бомбастичните најави: Вернер не потпиша за Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Извршниот директор на Ред Бул Лајпциг, Оливер Минхлаф негираше дека е постигнат договор со Челси за трансферот на Тимо Вернер.

Во текот на вчерашниот и завчерашниот ден излегоа информации дека Тимо Вернер се согласил за трансфер на „Стемфорд Бриџ“, а овие вести ги пренесоа и најперспективните светски новински агенции.

Сепак, Минлаф откри дека засега нема ништо од овие најави затоа што никој не ги контактирал нив за трансфер на Вернер.

„Засега Тимо Вернер не ја повлекол клаузулата, ниту пак некој клуб не контактираше околу трансферот. Не дојде до никаква размена, така што нема што да пријавиме. Тимо Вернер е играч на Лајпциг.

Ни беше важно да го продолжиме договорот со него, а тоа го направивме минатото лето. За нас како млад клуб е многу важно ниту еден играч да не си оди за џабе. Секако, составена е таа клаузула која му дава прилика да го направи следниот чекор. Сега тој е на возачкото седиште, не сме ние“ –изјави МИнклаф.