Од Вардар со оригинална порака на социјалните мрежи: Одржуваме дистанца… (Фото)

Лидерот во македонскиот фудбалски шампионат, Вардар, упати оригинална порака на своите социјални мрежи.

Имено, од Вардар порачаа да се почитуваат препораките на властите за да се спречи ширењето на коронавирусот и посочија дека тие следат една од препораките.

Имено, од скопскиот клуб ја објавија првенствената табела на која се одлепени далеку пред своите конкуренти и порачаа: „Вардар се придржува на мерките и препораката за заштита и превенција од Ковид-19 дадени од страна на Министерството за здравство и одржува социјална дистанца.“