Одигравме добро прво полувреме, но загубивме од Белорусија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација го запиша и петтиот пораз на Светското првенство во Египет, откако денеска загуби со 26-30 од Белорусија во последниот дуел во главната фаза.

Македонските ракометари одиграа одлично прво полувреме, во кое имавме и водство, но на паузата заминавме со 14-14.

Сепак, во вториот дел Белорусија заигра подобро, иако ние се држевме уште 10 минути во игра, по што противниците создадоа предност, која веќе не беше достижна за македонската ракометна репрезентација.