Одличен гол на Алиоски за водство на Лидс во дербито со ВБА (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот интернационалец во дресот на Лидс Јунајтед, Езџан Алиоски продолжува со одличната форма.

Брзоногиот фудбалер погоди за својот тим на денешната дерби пресметка со ВБА. Со голот на Алиоски Лидс има водство на полувреме и ако слави на овој натпревар ќе го прескокне својот ривал и ќе се врати на првата позиција на табелата во Чемпионшип.

Инаку ова за Алиоски е втор гол оваа сезона.