„Одмаздата е наша, чувајте се“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Франција и Германија ќе ги вкрстат копјата во полуфиналето на Европското првенство.

Домаќинот на ЕВРО е на чекор до големо финале. Нападот на Галските петли го предводи Оливие Жиру кој на натпреварот против Исланд постигна два погодоци и така даде до знаење на Германија во каква форма се наоѓа.

Но тоа не е крај, напаѓачот на Франција со сите сили сака да се одмазди на Панцерите за поразот во четвртфиналето на СП во 2014 година.

„Задоволен сум со играта досега. Но, нека остане на тоа. Ништо не сме направиле ако не влеземе во финале. Репрезентацијата на Германија ни е стар должник, сакаме одмазда.

Нека се пазат, нема да им биде лесно бидејќи силно сакаме финале и трофеј“, рече за медиумите напаѓачот, Оливие Жиру.

Жиру во досегашниот дел од натпреварувањето постигна три погодоци и го дели второто место на листата на стрелци со Бејл, Паје и Мората, додека прв е неговиот колега од репрезентацијата Гризман со четири постигнати голови.