Одреден главниот фаворит за освојување на ЛШ, Реал Мадрид е петти кандидат за трофејот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатиот сајт „ФајвТриЕјт“ пресмета кој ќе биде нов шампион во Лигата на шампиони (ЛШ) оваа сезона и најмногу шанси му дава на Баерн Минхен.

Германскиот гигант доби неколку квалитетни засилувања летово, па сигурно ќе ја нападне европската титула која долго време ја нема освоено.

Баерн со 21 отсто е главен кандидат за титулата, според популарниот сајт, а потоа следи Манчестер сити со 18 проценти, по што ПСЖ има 14 отсто дека ќе ја освои титулата.

На четвртата позиција се наоѓа Ливерпул, додека петти е актуелниот европски и шпански шампион Реал Мадрид со седум отсто шанси за освојување на пехарот во елитното натпреварување.