Официјално: Богдановиќ замина од Сакраменто и ќе добие 72 милиони долари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сакраменто се раздели со српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ. На крајот, Кингс не ја израмнија понудата на Атланта хокс и го пуштија да замине.

Богдановиќ најпрво требаше да се пресели во Милвоки, со кој се договори Сакраменто, но кошаркарот имаше право сам да си го бира идниот клуб и тој одби таков договор.

Србинот потоа се договори со Атланта за соработка на четири години, за која ќе добие неверојатни 72 милиони долари.

Исто така, тие ќе платат 15% од годишната заработка на Богдановиќ, ако кошаркарот се реши на трејд во последната сезона, додека Србинот има опција да го смени клубот по третата година од договорот со Атланта.