Официјално: Гоце Георгиевски е нов ракометар на Вардар!

Европскиот шампион Вардар не запира со засилувањата, откако денеска го потврди ангажманот и на македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски.

Шпекулациите од претходните денови денеска добија своја потврда, па Георгиевски се врати во Македонија, каде што потпиша со Вардар.

Вардар претходно ги ангажираше Томислав Јагуриновски, Дмитри Санталов, Филип Талески и Робин Кантегрел.

Македонската екипа има големи амбиции во новата сезона, во која се надева на пласман на Ф4 во Лигата на шампиони.