Официјално: Марш ќе го менува Нагелсман во Лајпциг!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американскиот тренер Џеси Марш е нов тренер на германскиот бундеслигаш Лајпциг, откако Јулијан Нагелсман пред неколку дена потпиша за Баерн Минхен.

На тренерското место на Лајпциг ќе седне Марш, кој во моментов ја предводи екипата на Ред Бул Салцбург, која е првак во австрискиот шампионат.

„Џеси Марш ќе стане наш нов тренер од сезоната 2021/22. Екипата ја презема од Нагелсман, кој заминува во Баерн“, соопштија од бундеслигашот.

Извршниот директор на Лајпциг кажа дека е задоволен со ангажманот на 47-годишниот Американец.

„Се радуваме на соработката со Марш и напредокот на нашиот тим заедно со него. Успеаме да добиеме човек кој го сакавме и тренерската позиција ја пополнивме со врвно име“, вели тој.