Официјално: Периќ ќе го напушти Вардар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот шампион и актуелен освојувач на Лигата на шампиони, Вардар попладнево потврди дека се разделува со долгогодишниот тренер на голманите Дејан Периќ.

Вардар преку соопштение објавено на официјалната страна потврди дека Периќ заминува. Оние кои го следат Вардар знаат колкаво значење имаше Периќ за тимот. Неговото заминување сигурно дека ќе биде тешко да се надополни.

„Тренерот на голманите Дејан Периќ и Вардар 1961 спогодбено го раскинаа договорот. Периќ доби понуда со одлични финансиски услови во Бундеслигата и сакаше да замине, а нашиот клуб не правеше проблеми да го реализира овој трансфер..Периќ беше дел од втората шампионска титула на Вардар 1961 и последните титули во СЕХА Газпром лигата. Пријателите секогаш остануваат во нашите срца.. Ти благодариме што беше дел од нашето семејство..“, соопштија од Вардар.

Кариерата Периќ ќе ја продолжи во тимот на Фуксе Берлин каде што повторно ќе соработува со поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев.