Официјално: Кандрева потпиша за Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Довчерашниот фудбалер на Лацио е претставен како ново засилување на Нероаѕурите.

Антонио Кандрева е ново засилување на Интер.

Тоа е веќе позната информација, а денеска фудбалерот е претставен во просториите на клубот.

„Многу сум горд и среќен што сум денеска овде. Отсекогаш сакав да играм за Интер и емооците преовладаа кога конечно стигнав овде“, рече крилниот фудбалер на Аѕурите.

„Се заблагодарувам на Лацио за сите сезони кои заедно ги поминавме, и на тоа што ми дадоа шанса да го остварам сонот.

Едвај чекам да заиграм на Сан Сиро и да почувствувам топлината на навивачите на Интер“, изјави Кандрева.

 

Ова е првото засилување на Интер, откако Сунинг компанијата го превзеде мнозинското сопствеништво над клубот.

„Многу сум задоволен што можам на Антонио да му посакам добредојде во клубот.

Сигурен сум дека ќе донее многу на овој веќе сега многу силен тим“, изјави претседателот на клубот Ерик Тохир.

Интересен податок е дека Кандрева токму против Интер дебитираше во Серија А, на 27 јануари 2008 година во дресот на Удинезе. Од тогаш одигра 287 натпревари во најсилното италијанско натпреварување, а постигна 48 голови.

Во дресот на репрезентацијата на Италија на 40 настапи во четири наврати ја затресе мрежата на противникот.