Огромен удар за Клоп: Му почина мајката, а тој не може да оди на погреб!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп дозна тажни вести откако неговата мајка Елизабет почина на 81-годишна возраст, а тој нема да може да оди на погреб.

Поради рестрикциите кои беа воведени поради пандемијата, Германија не дозволува влез на патници од Велика Британија и Клоп нема да може да замине во татковината.

„Ми беше мајка во вистинка смисла на зборот. Знам дека ќе биде на подобро место. Не можам да заминам на погреб поради ужасното време, но наскоро ќе заминам во Германија“, кажа Клоп.