Орландо го повлече дресот на Шекил О’нил (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Шекил О’нил стана првиот кошаркар чиј дрес беше повлечен во тимот на Орландо.

Орландо пред натпреварот против Оклахома му се поклони на поранешниот кошаркар и го повлече неговиот дрес.

„Мојата професионална кариера почна тука, речиси цел живот го поминав на ова место, а навивачите секогаш имаа пријателски однос. Никогаш не верував дека ќе дојде овој ден“, кажа Шекил.

Шекил го носеше дресот на Орландо од 1992 до 1996 година, по што се пресели во Лос Анџелес Лејкерс и освои три шампионски титули.