Осака по пресврт против Азаренка го освои Ју-Ес Опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јапонската тенисерка Наоми Осака го освои Ју-Ес опен, откако по пресврт со 2-1 во сетови ја совлада Викторија Азаренка.

Ветеранката од Белорусија го доби првиот сет со одлична игра. Беше 6-1 по само 27 минути, а во вториот сет веднаш направи брејк за водство од 2-0 во гемови.

Сепак, потоа се разбуди Осака и го доби вториот свет со 6-3, а важен брејк во решавачкиот сет направи во осмиот гем за 5-3, по што на свој сервис ја потврди победата.

Ова е трета гренслем-титула за Осака во кариерата, а вкупно втора на Ју-Ес опен. Азаренка не успеа да го освои трофејот во своето трето финале на престижниот турнир, откако претходно беше поразена и во 2012 и 2013 година.