Осака се откажа од Австралијан опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јапонската тенисерка Наоми Осака нема да игра на првиот гренслем-турнир во сезоната, Австралијан опен.

Поранешната прва тенисерка на ВТА-листата требаше да настапи во Мелбурн, меѓутоа не се појави на подготвителните турнири во Австралија и тоа предизвика шпекулации дека има некаков проблем.

Наоми не играше уште од септември минатата година, кога настапи во Токио, а се повлече поради болест.

Јапонката го освои турнирот во Мелбурн во 2019 и 2021 година, а на овој турнир ќе ја менува Дајана Јастремска.