Осимен, Тоуни или некој трет: Кој ќе биде нов напаѓач на Покетино од јануари?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси бара ново засилување во нападот откако Џексон не се прослави на стартот на сезоната, а тренерот Маурицио Покетино веќе има неколку желби.

На листата со желби на Покетино се наоѓа Виктор Осимен од Наполи, но мала е веројатноста дека калчолигашот ќе се согласи на трансфер, иако имаше проблеми со напаѓачот во изминатите денови.

Втор на листата е Иван Тоуни од Брентфорд, кој е суспендиран до средината на јануари поради тоа што ги прекршил правилата и се обложувал.

Трета опција за „сините“ е голгетерот на Феенорд, Сантијаго Хименез кој има само 22 години и оваа сезона постигна 10 гола и две асистенции на седум меча во холандското првенство.