Остана без злато пред 16 години поради грешка, но успеа да се искупи во Пекинг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американката Линдзи Џејкобели го освои златниот медал во дисциплината крос на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, а на победничкиот подиум се најдоа уште и Клои и Мериета.

Приказна на денот, сепак, е победничката Џејкобелис која пред 16 години на ЗОИ во Торино, кога дебитираше на големиот настан, на неверојатен начин го загуби златниот медал.

Имаше дури 43 метри предност пред Фриден, па се обиде да направи еден трик пред да помине пред целта, но не успеа и на крај остана без златото.

Подоцна во Ванкувер и Сочи испадна во полуфинале, додека најблиску до нов медал беше во Пјонгчанг, кога заврши на четвртата позиција.

Сепак, денеска го освои златниот медал и на свои 36 години стана највозрасната освојувачка на медал на ЗОИ во сноуборд.