Ова не е шега: Бенфика го најде вистинскиот пат за пазарување во Ливерпул…?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во суштина е обратно, но овојпат, Бенфика има план како да пазарува во Ливерпул.

Имено, на листата желби на лисабонските „Орлови“ се најде талентираниот фудбалер на „Црвените“, Рафаел Камачо.

Португалецот првите фудбалски чекори ги оствари во Спортинг уште 2008. година, со само осум години, а пет години подоцна замина во академијата на Манчестер Сити.

По три години се пресели во Ливерпул, каде за првиот тим дебитираше оваа година.

Младиот фудбалер има договор со „Црвените“ до летото 2020. годинам одби понуда за продолжување на соработката со управата, имаше шанса да стави потпис на нов петгодишен договор, но изгледа не му се допаднаа условите.

Така, Ливерпул би можел да го продаде ова лето, Бенфика загриза, но ќе имаат и силна конкуренција во Вуверхемптон и Лајпциг.