Оваа комбинација сите би ја сакале – Дали е ова вистински клуб за Паје?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот репрезентативец на масата има уште една понуда, овој пат повик стигна од Мадрид.

Димитри Паје одличните партии  од дресот на Вест Хем ги пренесе и на ЕП, на стартот на шампионатот забележа асистенција и постигна гол за победа на „Галските петли“ и очекувано привлече внимание на бројни гиганти.

Последен кој се појави во низата е и Атлетико Мадрид. Диего Симеоне сака такви играчи, Паје е голем болец, притоа одличен техничар и може да биде мотор на неговиот тим во брзината и убиствените контри напади.

Симеоне сака да ги спари Гризман и Паје, кој најверојатно би играл како полушпиц во формација 4-4-1-1.

Сепак, во Атлетико се свесни дека нема да биде ниту малку лесно да го доведат Паје, кого Вест Хем веќе сега го проценува на 50 милиони евра, а цената ќе му порасне доколку продолжи вака да игра на ЕП.

Покрај тоа, Атлетико ќе има огромна конкуренција на пазарот, поради тоа што нема клуб кој не го сака во својот тим иако веќе има полни 29 години.

Дали сакате да го видите Паје во комбинациите на Симеоне и неговите војници?