Падна договор на шест години: Челси идната недела ќе потврди големо засилување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси ја заврши сезоната на 12. место во англиската Премиерлига и во идната ќе се обиде да го нападне врвот со нови сили затоа што на тренерското место доаѓа Маурицио Покетино.

Премиерлигашот веќе договорил едно засилување, кое треба да го потврди следната недела, а станува збор за Мануел Угарте од Спортинг Лисабон.

Уругваецот беше блиску до ПСЖ, но Челси успеал да му понуди подобри услови и да постигне шестгодишен договор, а трансферот ќе чини 52 милиони фунти.

Ливерпул, исто така, беше заинтересиран за услугите на Угарте, но 22-годишниот играч сметал дека најдобра дестинација за неговата иднина е Лондон.