Панчев: Ќе ја победиме пандемијата на Ковид-19 со дисциплина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дарко Панчев, легендарниот голгетер на Црвена Звезда, во разговор за сајтот на српскиот тим кажа дека ги почитува вонредните мерки на властите.

Панчев е свесен за опасноста на пандемијата на коронавирусот и раскажа како му минува денот, а исто така порача дека луѓето ќе го победат вирусот.

„Малку се досадувам, малку гледам телевизија. Седам со семејството, со децата кои се малку нервозни од нас постарите. Засега сме дисциплинирани, мораме да бидеме такви затоа што оваа болест е силна и тешка. Потребно е да се слушаат надлежните органи и да се почитуваат правилата. Експертите велат дека најдобра превенција е изолацијата, па така ја почитувам во целост. Верувам дека со дисциплина може да го победиме ова“, кажа Панчев.