Панчев: Сакам Меси да го освои трофејот во Катар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер Дарко Панчев кажа дека сака Лионел Меси да го освои трофејот на Мундијалот во Катар, но смета дека шансите за тоа се мали.

Панчев во разговор со српски „Спортклуб“ кажа дека Аргентина нема големи шанси за освојување на титулата, иако негова желба е Меси да го освои трофејот кој му недостига во богатата колекција бидејќи ова е последен настап на Светските првенства за ѕвездата на ПСЖ.

„Би сакал Меси да го освои пехарот, но мислам дека тоа ќе биде тешко ако може да судиме според играта со Австралија. Аргентина не е добра, не игра на ниво на кое треба да биде за да се бори за титулата“, кажа Панчев.

Аргентина славеше со 2-1 против Австралија и обезбеди четвртфинале против Холандија.