Пандев пред 10 години го освои трофејот во ЛШ (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Интер во 2010 година на денешен ден успеа да ја освои Лигата на шампиони (ЛШ), а дел од италијанската екипа беше македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Пандев одигра важен дел во екипата на Жозе Мурињо, кој успеа да ја освои тројната круна, односно ЛШ, Серија А и италијански Куп.

Македонскиот фудбалер настапи во финалето на ЛШ и притоа одигра 79 минути.