Пандев: Прв спомен на дербито со Милан ми е голот од слободен удар (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот македонски фудбалер Горан Пандев остави голема трага во италијанскиот фудбал, а денеска е во Милано, каде што ќе му прави друштво на американскиот милијардер Крис Гарднер поради активностите со „Брера Холдинг“, која купи 90 отсто од акциите на Академија Пандев.

Пандев гостуваше во „Скај Италија“ пред реваншот меѓу Интер и Милан во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

„Ми аплаудираат и ме сакаат затоа што секаде каде што играв, дадов сè од себе. Нормално е некогаш да не успеете, но мора да се обидувате да бидете подобри. Прв спомен од дербито со Милан ми е кога дадов гол од слободен удар“, кажа Пандев.