Патот до „Вембли“: Спектакуларни пресметки нè очекуваат во четвртфинале на ЛШ

Во Нион се одржа ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), при што беа одредени паровите за следното коло, но беа познати и можните судири во полуфиналето на турнирот.

Манчестер сити во четвртфинале ќе се бори против Реал Мадрид, додека ПСЖ ќе игра против Барселона, а во останатите дуели ќе се соочат Арсенал и Баерн Минхен, како и Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд.

Првите четвртфинални дуели се играат на 9 и 10 април, а реваншите се седум дена подоцна.

Можни судири во полуфиналето на ЛШ се:

Атлетико – Борусија Дортмунд/ПСЖ – Барселона

Арсенал – Баерн/Реал Мадрид – Манчестер сити